Дури 24 лица загинаа во удари од гром во западна Индија во последните два дена, јавува Ројтерс, додавајќи дека уште 23 лица се повредени.
Смртта се случи во државата Гуџарат, на западот на државата.
Обилните дождови, придружени со грмотевици, продолжија да предизвикуваат големи проблеми во западна Индија.
Покрај човечки загуби, оштетени се и голем број куќи, изгубен е голем број добиток…
– Наскоро ќе започнеме инспекција за утврдување на загубите – изјави министерот за земјоделство на Гуџарат.
Индискиот метеоролошки оддел најави продолжување на неповолните временски услови и дожд…
Инаку, невремето во Гуџарат однесе 14 животи во август 2020 година, а дури 31 во 2019 година…