Утрово исчезна ученичката Вања Ѓорчевска, објави на социјалните мрежи нејзината загрижена мајка.
Зорица Ѓорчевска мајка објави на Фејсбук дека нејзината ќерка Вања исчезнала одејќи накај училиште.
Последен пат Вања била видена во Дебар маало во Скопје на пат кон ООУ Јохан Хајнрих Песталоци.
Утрово во 7.20 мојата керка Вања Ѓорчевска излезе за на уцилиште и се губи секаква трага.
Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот.
Последен пат е видена во дебар маало на пат кон Песталоци.
Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816.