ОГРОМНА ТАГА: Само неколку часа откако беше објавено дека почина Ристе Трајковски, почина и жиравата за која се грижеше тој?

Флопи – последната жирафа во скопската Зоолошка градина, според засега неофицијални извори, угина денеска, само неколку часа откако беше објавено дека почина Ристе Трајковски, чуварот и негувател во скопската Золошка градина, кој беше многу познат по тоа што многу ги сакаше и се грижеше за жирафите, објави Плусинфо.

Откако почина жирафата Тобого, тој речиси секојдневно објавуваше постови во кои ја изразуваше својата тага по жирафата.

На социјалната мрежа Фејсбук пријателите се простуваат од прерано починатиот Ристе, кој имаше само 44 години, со емотивни зборови.

„Рики друже, чувај ги горе Каспер и Тобого. Ќе фалиш“ – напиша неговата пријателка Тина Мицковска.

Попладнево порталот „Скопје1“ објави дека угина и последната жирафа во скопската Зоолошка градина, а речиси два часа траеле обидите за нејзино спасување.

Претставници на зоолошката градина одбиле да зборуваат за настанот и најавиле официјално соопштение за подоцна.

Угинувањето на жирафата Флопи е последниот во низата немили настани што се случија изминатиот период во институцијата.

Од салмонела почина жирафата Каспер, со силен отров беа отруени ретките пржевалски коњи, а зоолошката го изгуби и статусот за кандидат во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми – ЕАЗА.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде