УХМР со најнова прогноза: Еве какво ќе биде времето денеска и во следните денови

Времето денеска ќе биде облачно, со врнежи од снег на планините и на некои повисоки места каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови на земјата.

Во некои од пониските места отпрво врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд.

Во западните делови ќе наврнат повеќе од 25 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен вдолж Повардарието.

Во Скопје ќе биде облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури во земјата ќе се движат од – 6 во Берово до 3 во Дојран, а максималните дневни од 2 степени на Шапка и Маврово до 10 степени во Дојран.

Во следните три дена ќе преовладува променливо облачно време. Утре претпладне, претежно во западните и северните делови од земјата, ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремени врнежи од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Следните два дена ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветар од северен правец, но без врнежи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде