Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија.
Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Тетово и на Попова Шапка, а во Гостивар и на планинските превои „Стража“ и „Пресека“ врнежите се од дожд и снег.
Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година.
Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година.