Заминал да работи во Германија и му се губи секаква трага. Последен пат е виден во Берлин

Во тек е опсежна потрага по Стипо Перак, 56-годишен маж од Хрватска кој исчезна во Берлин.

Податоците за неговото исчезнување се објавени во Националниот регистар на исчезнати лица на Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска.

Според овие податоци, Стипо Перак е роден во 1967 година во градот Барево во Босна и Херцеговина, но има хрватско државјанство. Во Германија дошол од Хрватска да работи.

Неговото исчезнување било пријавено на 01.09.2023 година, а како што јавуваат неговите роднини, последен пат бил виден во Берлин, неговиот мобилен телефон е исклучен и не е активен ниту на социјалните мрежи.

Според описот што го објави полицијата, Стипо Перак е висок 175 сантиметри, кафена коса и зелени очи, големи уши и слаба телесна градба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде