Поради техничка неисправност, авионот на Ер Србија кој летал од Белград за Скопје, на летот JU 162, морал да се врати во Белград.
Авионот АТР 72, кој полета во 13 часот и 25 минути од аеродромот Никола Тесла, кружеше над Скопје 20 минути, пред пилотот да донесе одлука да се врати во Белград.
Како што биле информирани патниците, дефектот во авионот не бил опасен и не го спречил слетувањето, но авионот би останал приземјен во Скопје, бидејќи таму не би можела брзо да се поправа, како што е случајот во Белград.
Авионот безбедно слета на аеродромот Никола Тесла во 15:51 часот.
Станува збор за авион кој Ер Србија го изнајмува и во кој имало екипаж од Данска.
Сите места во авионот беа полни бидејќи голем број домашни и странски новинари одеа на самитот на ОБСЕ во Скопје.