Пензиите за овој месец на сметките на пензионерите ќе бидат исплатени на 1 декември 2023 година.
Пензијата од септември беше покачена за околу 5 отсто, а следното покачување е најавено за март 2024 година.
Инаку, владата вчера го објави новиот пакет мерки е во вредност од 662 милиони евра, а според премиерот Димитар Ковачевски, тој е поддршка за ранливите категории граѓани и компании.
Со системските мерки за 2023 и 2024 година опфатени се над 338 илјади пензионери и 106 илјади вработени во администрацијата.
Пензионерите со пензија до 14. 000 денари ќе добиваат по 3. 000 денари месечно, тие со пензија од 14. 000 до 16. 000 денари по 2. 000 денари месечно, а по 1.
500 денари ќе биде месечната поддршка за тие со пензии од 16. 000 до 19. 000 денари. За таа намена се предвидени 35 милиони евра.