Скандалозни фотографии со карта на „Голема Албанија“ осамнаа во македонски училишта

Слика на „Голема Албанија“ на која пишува етничка Албанија (Shqiperia etnike) е поставена во основното училиште Браќа Миладиновци покрај која се сликани малолетни ученици кои со рацете го покажуваат двоглавиот орел, симбол што се наоѓа на знамето на Албанија, а во рамките на вчерашното одбележување на Денот на албанското знаме.

Фотографиите од одбележувањето на овој ден се поставени на официјалната фејсбук страница на училиштето. На ова денеска реагираше партијата Левица. Денот на албанското знаме вчера беше одбележан и во струшкото село Подгорци во основното училиште Гоце Делчев каде ученици прославува со резвеано знаме на „Голема Албанија“.Скандалозни фотографии со иредентистичка содржина се објавени на страната на основното училиште (ОУ) Браќа Миладиновци. На слики од „Голема Албанија“ се фотографираат наставниците покрај децата, што претставува отворен сепарационизам и понижување на македонскиот народ, реагираат денеска од Левица откако вчера во ова основното училиште беше прославен денот на албанското знаме.

„Евидентно е дека ваквите скандалозни слики стојат со години во училниците. Во ова основно училиште, в.д. директор е Лаура Шате, за која постојат сомневања дека е незаконски назначена од страна на градоначалникот Рамиз Мерко. Очаен е молкот на анти-македонската СДС, која е поданички поставена пред дивеењето на ДУИ“, реагираат од Левица.

Левица бара итно разрешување на директорката Шате, како и отстранување на како што велат „иредентистичките слики“.Како што најави, партијата ќе поднесе и претставка до Државниот просветен инспекторат, со цел да се санкционира „ваквото скандалозно однесување“, како и да се испита постапката на кој начин е поставена в.д. директорката Шате.„На анти-македонското дивеење на ДУИ мора да му дојде крај“, велат од Левица.Денот на албанското знаме вчера беше одбележан и во струшкото село Подгорци во основното училиште Гоце Делчев каде ученици прославува со резвеано знаме на „Голема Албанија“.На ова реагираа од општинскиот комитет (ОК) на ВМРО ДПМНЕ Струга.„Адем Ајдароски в.д. директорот на училиштетот организираше скандалозна прослава на која се пееја песни за ‘Голема Албанија’ се вееја знамиња на кои е исцртана картата во која се вклучени и делови од Македонија. Со ова децата се злоупотребени и нив им се наметнува некоја антимакедонска идеологија и ставови. Очекуваме обвинителството да поведе кривична постапка, а ќе ја известиме и Правата детска амбасада Меѓаши“, изјави претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга, Ален Деребан.Во ОУ Гоце Делчев во струшко Подгорци настава на албански јазик учат само 6 ученици а 259 ученици следат настава на македонски јазик.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде