ФОТО: Сергеј Лавров пристигна во Скопје

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров доцна синоќа пристигна во Скопје,

каде што ќе учествува на министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што почнува утре.

Авионот со кој Лавров допатува, слета на скопскиот аеродром околу 23 часот.

Руската новинска агенција „ТАСС“ јавува дека патувањето траело повеќе од пет часа, за Лавров да пристигне преку Грција, а не преку Бугарија, како што се очекуваше.

Тој ја пропушти неформалната вечера на министрите за надворешни работи и шефовите на делегации на земјите-членки на ОБСЕ, одржана вечерва во хотелот „Александар палас“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде