Следува значителен пpилив за пензионеpите – Колку пари ќе добива секој пензионеp за еден календарски месец во периодот што следува

Најголема категорија опфатена со новиот пакет антикризни мерки се пензионерите, над 187.000 пензионери.

Предвидени се 35 милиони евра за мерки за поддршка и заштита на стандардот на пензионерите со најниски пензии.

Колку пари ќе добијат пензионерите?
Во наредните 5 месеци, почнувајќи од декември, пензионерите со пензија до 14.000 денари ќе добиваат по 3.000 денари месечно.

Оние со пензија од 14.000 до 16.000 денари ќе добиваат 2.000 денари месечно.

Пензионерите со примања од 16.000 до 19.000 денари во следните 5 месеци, ќе имаат поддршка од 1.500 денари.

Со оваа поддршка се опфатени над 187.000 пензионери, за што се предвидени 35 милиони евра.

Новиот пакет мерки вреди 662 милиони евра
Новиот деветти пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, што го утврди Владата на Република Северна Македонија, содржи 26 мерки со кои се таргетирани поддршка за ранливите категории на граѓани и компании како и поддршка во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза.

Со овие мерки се опфатени 120.000 млади лица, над 74.000 социјално ранливи категории на граѓани, над 187.000 пензионери, 40.000 земјоделци, речиси 540.000 корисници на апликацијата мој ДДВ, 600.000 домаќинства и над 70.000 компании.

Покачување на пензиите ќе има во март
Согласно методологијата за усогласување во март ќе има ново усогласување на пензиите, кое е независно од оваа финансиска поддршка.

Системското решение за пензионерите, покажува одличен ефект во зголемување на пензиите. Од септември 2022 година минималната пензија од 9.000 денари денес зголемена на 13.200 денари, што е просечен рат од 25%, односно 4.200 денари за година и пол.

Извор: BiznisPRO.com

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде