Музичарот и пејач Шејн Мекгован, најпознат како фронтмен на „The Pogues“, почина на 65-годишна возраст.
Веста за смртта на легендарниот рокер, кој стоеше зад култната божиќна песна „Fairytale of New York“,
со пост на Инстаграм ја објави неговата сопруга Викторија Мери Кларк.
Шејн секогаш ќе биде мојата светлина, мерка на моите соништа и љубов на мојот живот“, напиша таа, пренесува „Скај њуз“.