ТРАГЕДИЈА: Познат политичар и уште три лица загинааа во пад на мал авион (ВИДЕО)

Парагвајскиот политичар Валтер Маркс и уште три лица загинаа вчера вечер во авионска несреќа.

Авионот се урнал веднаш по полетувањето, на околу 200 километри од градот Асунсион.

Во несреќата загинале претставник на владејачката партија Колорадо и тројца мажи кои биле дел од неговиот тим, се наведува во полицискиот извештај.

„Добив тажна вест за смртта на нашиот колега, пријател и брат Валтер Хармс“, напиша вицепремиерот Педро Алијано на социјалните мрежи.

На видеата кои кружат може да се видат остатоците од леталото како горат во полето, каде што се урнал авионот.

Според првичните податоци, авионот удрил во дрво при полетување, што довело до пожар и брз пад на леталото.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде