Тројца осомничени ноќеска завршија во Истражниот затвор во Шутка под сомнение дека се вмешани во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, потврди рано утрово за МКД.мк директорот на затворот, Филип Андов.
Мерката која им е изречена е притвор од 48-часа. Како што дознаваме, станува збор за осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски.
За таткото на Вања засега нема изречено мерка за обезбедување на присуство во текот на истрагата.
Скопјанецот Љупчо Палевски Палчо неофицијално е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и тој е надвор од државата. Неофоцијално се наоѓа во Турција.
Maкедонската јавност е згрозена, а на фејсбук порака испрати и Горан Ангелов Ќосето.
Само тука да ве донесат, најубава пресуда ќе имате!, напиша Ќосето на Фејсбук.