Утрово се огласи Сашо Тасевски: Ако некои се доволно глупави да не сфатат, ќе нацртам како оваа затруена козоебина раѓа психопати

Фејсбук пост на актерот Сашо Тасевски:

Ако некои се доволно глупави да не сфатат, ќе нацртам како оваа затруена козоебина раѓа психопати.

Такашто не ги гони. Ги остава неказнети. Или ако ги затвори, ги ослободува.

Такашто ги менува законите во нивна корист. Во корист на психопатите и бандите.

Сега имате можност ако сте бандит да украдете со помош на власта 500 милиони евра и да добиете една година затвор.

Ако не сте претходно осудуван, може и условна. И од тие 500 милиони судот ќе побара да вратите 10.

Свежи примери имате. Да не пишувам.

До кај сме со онкологија и крадењето скапи лекови од болни? И нивни шверц во она Ел Дорадо, познато како Косово.

Видовте некој да е приведен до сега?

Може такво нешто да се направи без знаење на големци од власта?

Како лековите ја поминале границата? Видовте некој приведен од царината?

20 години оваа таканаречена држава емитува реални шоуа преку свои тв куќи, каде го гледаме дното на човековото постоење.

И што добивате од нив?

Нашата младина се расчовечува.

Девојка шутираше во глава веќе убиен човек, спортист легнат на тротоар. Малолетници кои силуваат други малолетници од ист или различен пол. Инцестуозни врски и силувања.

Организирани интернет групи со детска порнографија или курверај со неполнолетни девојки.

Од 2010 до денес колку само фемициди се случија. Ја убил девојка му, па љубовницата, па себе. Или ја убил жената па себе. Синот си го убил таткото. Таткото својата ќерка.

Ви текнуе на младиот Пино, наместен од девојка му да биде киднапиран и убиен?

Еве ја и Вања. 14 години. Тој што може ладно да пука во девојче, што мислите, првпат му е?

На кичевскиот манијак ви текнува?.

На оној скопскиот манијак Раскољников, што убиваше баби?

На смилковскиот масакр ви текнува?

На Диво насеље?

Знаете на колку домашни и други насилници државата редовно им прогледува низ прсти?

Еден таков може да е и главен во убиството на Вања. Будала и насилник за кој велат дека ќерка му со тупаници ја тепал.

Е тој не само што бил на улица туку добивал пари и поткасти да работи, да го има на телевизија.

Знаете колку самоубиства имаме?

Во врвот на Европа сме по бројот на жители.

Се ќути. Не се збори.

Број еден сме и по голтање дијазепами.

Тоа дека сме многу среќни и здрави како народ?

Ајде вие што ми мрчите, одговорете.

Колку имаме исчезнати лица, нерешени случаи.

Колку убиства? Атентати на познати личности.

Дали некогаш оваа држава му објави војна на организираниот криминал и нарко бандите?

Никогаш.

А мораше. Имаше повод. Се пукаа сред бел ден, се бореа за пазарот на дрогата, во Скопје. Еве и скандалот на онкологија. Ништо. Комисија формираа.

Еве ја и Вања. Ништо. Ќе ја закопаме и ништо нема да се случи.

Утре друга ќе киднапира друго дете или човек на кој му се губи трагата.

Оваа козоебина е удавена во криминал и безвластие. Удавена.

Таа е производ на турбофолкот во неговото најшироко значење.

Производ на полуписмени дегенерици со власт и моќ, заштитени од државата да прават што сакаат. Цели три децении.

Дали барем трошка сфативте како оваа козоебина раѓа психопати и несреќни луѓе.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде