Откриени нови – шокантни детали: Вања била грабната од внатрешнот дел на зградата, со врзани раце и нозе ја ставиле во вреќа за спиење а потоа во возило!

Министерството за внатрешни работи информираше за детали околу случајот со убиената 14-годишна Вања.

Според информациите, токму таткото на девојчето ги кажал сите движења на девојчето со цел убијците да изнудат пари од мајката.

Министерот Оливер Спасовски вели дека Вања била грабната од внатрешнот дел на зградата во која живеела.

„Грабната е од внатрешнот дел на зградата, ја ставиле со врзани раце и нозе во вреќа за спиење, и потоа ја стават во возилото „цитроен“.

Пред нив се движи возило канго, а однесена е надвор од Скопје , по што е убиена, а колата е запалена“, објасни Спасовски.

Грабнивачите односно лицата кои биле во ова возило добиле информации од вечерта дека Вања ќе биде сама.

Фото: screenshot/ MIA

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде