Јоци: Добро, овој Гаврил Бубевски се слуша? Вака мисли да го гради овој грозоморен случај и да ги поврзува двете убиства или сака да му падне уште пред да почне?

Фејсбук пост на Јорданка Ивановска Јоци:

Добро, овој Гаврил Бубевски се слуша? Го убиле велешанецот за долг од 500 евра, а и за да му ја земат колата за да го извршат другото злоделa!?, кажа сто пати на пресот.

Вака мисли да го гради овој грозоморен случај и да ги поврзува двете убиства или сака да му падне уште пред да почне?

Очито не кажале сé приведените, а тој не ги склопил коцките пред да се појави пред јавноста.

Како да не можеле да возат било која крнтија, и тоа ,,чиста” кола, а не возило на исчезнат кое полицијата може да го бара и да го сопре во тие пет дена до убиството на Вања.

ХРОНОЛОГИЈА НА ОРГАНИЗИРАНИ ЗЛОСТОРИ

▪︎ Го убиваат Панче Жежовски, му ја земаат колата ,,цитроен”, ја чувале 5 дена и со неа ја киднапираат Вања – во влез, во вреќа за спиење. Врзана за раце и нозе.

[Не фатив дали некој новинар праша како е ставена во вреќа, дали била онеспособена во влезот]

▪︎ Пред ,,цитроенот” каде Вања е ставена во гепек, како ,,чистач” на патот се движи ,,рено канго”, сопственост на еден од петте осомничени, кој пак е пуштен, бидејќи според МВР – немал инволвираност!?

▪︎ За таткото, за кој притворените кажале дека тој го споделил инфото со убиецот Љ.#Палевски, клучни информации кога ќе оди на училиште, сама, без сестрата – нема уште материјални докази.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде