Јоци: Овој ФАКТ го менува текот на целата прикаска која денес ја чувме

Фејсбук статус на Јорданка Ивановска Јоци:

Вечерва на некој портал прочитав дека зградата каде живееле мајката и Вања на ул.Н.Н.Борче всушност била првата зграда која ја изградил Љ.Палевски [со прекари Палчо и Упа] преку неговата фирма ,,#Упа#ентерпрајз“. Тоа би било периодот некаде од 1998 до 2000.

Јас ова го имав заборавено, бидејќи како новинар пред 20 год.се бавев со други негови згради.

Овој ФАКТ го менува текот на целата прикаска која денес ја чувме во официјална верзија и треба медиумите и секако органите да го истражат мотивот за убиството – дали е подлабок и датира од пред децении.

Од кого е купен станот, кога и кој бил првиот сопственик, дали таткото на мајката т.е дедото на Вања, за кој се вели е починат?

▪︎ Дополнително, кога е починат и дали брзо се правела оставинска?

Кои сé се наследници?

Кој стан е сега продаден, за кој информираше МВР, дали истиот на Н.Н.Борче или друг?

Дали мајката или друг член од фамилијата во минатото се познавале со Палевски, го купиле станот од него и имале некои нерасчистени сметки во 2023?

Станува збор за стан кој е на многу атрактивна локација, спроти фонтана и Градски парк.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде