Градоначалникот на Карбинци со нови детали: Лицето со голфот дал пари на ученик да ја повика ученичката од 9 одделение, а потоа пари нудел и на неа

Пред околу 30 минути завршив со разговорот со полициските службеници, кој се одвиваше во основното училиште ,,Страшо Пинџур” во присуство на директорката Наталија Костова, дел од техничката служба, како и двете деца врз кои беше извршен обид за киднапирање, појаснува за Фокус градоначалникот Виктор Паунов.

Не го разбирам демантот на МВР, кој беше објавен во време кога уште течеа разговорите и се даваа изјави по повод случајот кој сите не вознемири,додава тој.

Паунов тврди дека наспроти демантот на МВР, во кој се наведува дека утрово околу 09.30 часот младо момче со возило Голф дошло во училишниот двор и ја поканило ученичката да влезе во автомобилот и одат на кафе, по што таа пријавила кај директорката, ситуацијата била далеку посериозна.

-Директорката ми јави за случајот и јас веднаш заминав во училиштето. Бев присутен за време на разговорите со полициските службеници и сакам на јавноста да и кажам што точно се случувало утрово во училишниот двор, така како што беше раскажно пред полицијата.

Во дворот со возило Голф, темно сина боја и со скопски регистарски таблички се паркирало момче, не се знае неговата возраст, излегло и му пришло на еден ученик. Извадило мобилен телефон и на ученикот му покажало фотографија од ученичка која е во деветто одделение, значи околу 13 години, и му рекол да ја повика.

Му дал 200 денари во рака, за да ја викне. Ученикот го повикал девојчето, по што лицето од возилото и рекло да влезе во автомобилот за да одат на кафе и и нудело пари.

Девојчето се исплашило, бидејќи не го познавала лицето, и веднаш заминала кај директорката да пријави.

Целиот текст на Фокус прочитајте го ТУКА

Извор: Фокус

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде