Министерот за внатрешни работи ги потврди информациите дека во Турција е приведен Љупчо Палевски – Палчо.
Кога влегува во Турција, осомничениот оди во градот Баликесир.
Нашите служби стапија во контакт директно со полицијата и со еден нивен оперативен извор од градот кој за кратко време ни врати повратна инфоркмација дека лицето се наоѓа во тоа место и ни кажа за неговите намери.
Изворот ни кажа дека Палевски оттука сака да замине во Истанбул, но Палевски таму останува и најмува такси возач за да лажира дека оди во Истанбул.
Од изворот знаевме дека тој не заминал за Истанбул. Денеска попладневно од страна на колегите е уапсен додека се движел пешки по автопат во Баликесир, не во Истанбул – рече Спасовски.