Сашо Тасевски: Ова е добро извршена полициска работа

Фејсбук пост на актерот Сашо Тасевски:

Нашата полиција многу брзо ги реши бруталните убиства на Вања и Панче. Многу брзо. Многу брзо ги најде и телата на жртвите.

Нејќам да одам во теории на заговор, но ова е факт.Тргнете партиски препукувања на страна.Ова е добро извршена полициска работа.

Оти вакви брутални убиства знаат со години да останат нерасветлени, а телата никогаш и да не бидат пронајдени.

Такви примери има многу во светот, тоа е уште пострашно за блиските на жртвите.

И уште една големо браво за турската полиција која експресно го лоцираше и го фати чудовиштето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде