Претепан и врзан, а потоа убиен: ОЈО објави детали за убиството на Панче Жежовски

Претепан и врзан, па потоа убиен – ова според обвинителството бил текот на настаните во кои животот го загубил 74 годишниот Панче Жежовски. 

Во соопштението од ОЈО стои дека на 22 ноември четворица од осомничените откако претходно се договориле, го грабнале Панче од неговиот дом во Велес.

Целта била да го присилат за да го даде неговиот автомобил Цитроен за да го искористат за грабнување на Вања Ѓорчевска, а потоа во близина на селото Рудник го убиле, а телото го закопале во јама.

-Откако влегле во неговиот дом, физички го нападнале, го врзале и со автомобил го однеле во близина на селото Рудник, каде со учество на дејствие на извршување и со друг особен придонес кон извршување на делото, од користољубие и на свиреп начин го лишиле од живот со истрел од огнено оружје од еден од осомничените. – велат од – ОЈО.

Дека убиството на велешанецот било направено надвор од неговиот дом потврди и министерот за надворешни работи Спасовски, кој посочи дека МВР ќе ги истражува сите детали и индиции доколку постои и вмешаност на повеќе лица во убиствата.

-Министре дали се знае дали велешанецот е убиен дома или надвор? Надвор, не е дома., –

-Ќе се води сега веќе официјалната истрага, се е можно и за тоа ќе се истражува секој детал, нема да се остави во ниту еден момент, една индиција да имаме да ја оставиме така.

Ние како МВР со поднесувањето на работите ја завршивме работата, но стоиме на располагање и 24 часа и колку дена е потребно ќе работат за секоја една индиција до крај за да се расчистат вакви криминални дувла и гнезда кои постојат. Оливер Спасовски – Министер за внатрешни работи.

Исчезнувањето на Жежовски во МВР било пријавено од неговата ќерка, два дена откако тој бил грабнат и убиен од неговиот дом, но не и неговиот автомобил Цитроен кој потоа бил пронајден во селото Бразда каде е најдено и телото на Вања Ѓорчевска. Од досегашната истрага на обвинителството и МВР, како и според исказите на осомнитечните, Љупчо Палевски е посочен како лицето кое ги убило Панче и Вања.

Фото: Фејсбук

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде