Три лица се повредени во Вараждин по експлозија на плинска боца во автомобил, извести полицијата.
Во улицата „Видовечка“ во Вараждин кај „Аутосервис Иванек“ дошло до експлозија на резервоар за плин во патничко возило.
Притоа, три лица се повредени и пренесени во Општата болница во Вараждин.
Во тек е полициска истрага.
Фото: Илустрација