ТРАГЕДИЈА: Во сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот

Автомобил излетал од локалниот пат за кичевското село Бигор Доленци, при што загинал возачот.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера утрото, а автомобилот бил марка „мерцедес“ со австриски национални ознаки.

Од увидот, извршен по наредба на јавен обвинител, констатирано е дека станува збор за Е.Л.(49) од селото Лисичани, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

По завршената обдукција било утврдено дека смртта кај возачот настапила пред несреќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде