Регионот во шок: Почина познатата актерна

Познатата српска актерка Јелена Чворовиќ Пауновиќ почина на 75-годишна возраст. Тажната вест ја потврди нејзината ќерка која јавно се прости од мајка си.

Јелена многумина ја засакаа како Касандра во „Семејно богатство“, но и како Жаклина во серијата „Среќни луѓе“.

Публиката ќе ја памети по нејзиниот многу специфичен глас.

Јелена Чворовиќ Пауновиќ, родена Радовиќ, беше српска театарска и телевизиска актерка.

Дипломирала глума на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1972 година во класата на професорот Миленко Маричиќ.

Играла во многу претстави како „Кокошкино слепило“, „Самоубиство“ и „Балкон“…

Таа го привлече вниманието на публиката со својот необичен и оригинален начин на создавање на ликовите што ги толкуваше.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде