Снегот почна да прави проблеми: Воведена забрана за тешки товарни возила на овој патен правец

Денеска, од 18:35 часот има забрана за движење на товарни моторни возила на магистралниот пат Битола-Ресен, на планинскиот превој „Ѓавато“.

Забраната, како што информираат од Авто-мото сојузот, е воведена поради обилни врнежи на снег и задржување на истиот на коловозот.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК), попладнево информираа дека, според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, се очекува вечерва на повисоките места да има врнежи од снег, а температурите да се движат околу и под нула Целзиусови степени.

Од ЦУК апелираат до граѓаните доколку немаат неопходна потреба попладнево и вечерва со своите возила да ги избегнуваат сите планински превои и други вообичаени критични точки при снежни врнежи.

„Доколку патуваат да користат или со себе да носат зимска опрема. Ги повикуваме возачите на тешки товарни возила да бидат исклучително совесни и внимателни,

да користат зимска опрема и да ги почитуваат сите евентуални препораки и забрани од МВР“,се наведува во соопштението од ЦУК.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде