Вечерва страотна сообраќајка, пет лица пренесени во болница

Сообраќајна несреќа во која има повредени лица попладнево се случила на експресниот пат Штип – Радовиш.

Според првичните информации со кои распола полицијата во несреќата повредени се пет лица, а учествувале две патнички возила.

Повредените лица се пренесени за укажување на лекарска помош, а првично тие имаат полесни повреди.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде