ВМРО-ДПМНЕ не треба да учествува во техничка влада. Треба да ги остават СДСМ докрај да се удават во прикаската со ДУИ.
Не треба, не заради фактот дека така ќе дадат легитимитет на ,,влада во бездна”, туку заради фактот дека како опозиција ќе треба да го преземат ,,хонорарно” Министерството за внатрешни работи [МВР].
Три месеци, притоа без значајни овластувања за клучни одлуки.
МНОГУ ВАЖНО – ќе треба да го преземат случајот на двократното убиство на #Вања_Панче, но со стари #екипи на О.#Спасовски, кој владееше 7 год.со МВР, а кој ќе замине оставајќи зад себе многу неодговорени прашања за убиствата и за неговата одговорност.
▪︎ Прашање е кога точно ќе биде екстрадиран Љ.Палевски и дали воопшто.
ВМРО, во тие 3 месеца, ќе нема време да исфилтрира, да постави свои структури во МВР за целосно расчистување на грозоморните убиства и ќе влезе во ,,#стапица” на пропаганда со лаги од Бихаќка кои се во дослух со Н.Груевски, фабрикување прикаски и останата мизерија која ја слушаме од СДСМ, нивни измеќари и разни порталчиња кои свират оттука до Пешта па сé до Турција.
▪︎ Ќе немаат време да дојдат до нови докази, да ги обелоденат и да истражат дали екипата на Оливер нешто криела.
Со оглед на амбицијата на О.Спасовски да биде претседателски кандидат, едно големо ,,НЕ” – ВМРО-ДПМНЕ не смее да учествува во техничка влада.
▪︎ Треба да го остави Спасовски да се кандидира со товарот на двојно убиство и прекината младост, затоа што не го ставил зад решетки убиецот, иако зад себе имал сериозни кривични пријави.
Секако, по изборите, претседателски и парламентарни, друга песна ќе се пее.
По победата на ВМРО, која ќе биде епска, ќе почне и филтрирањето во МВР и искрено се надевам – ќе се дознае целата вистина за двете убиства со умисла и целата испреплетеност и конекцијата на Палевски со актуелната власт.