Убава вест: Дополнителни субвенции за овоштарството

Овоштарите кои имаат насади со праска, вишна, малина, капина, кајсија, јагода и калинка и се корисници на директните плаќања за одржување на постоечки овошни насади, имаат право на дополнителни субвенции.

Услов е производството да е предадено во сопствен или друг преработувачки капацитет за овошје директно или преку регистриран откупувач во периодот од 26-ти декември 22-ти до 25-ти декември 2023 година.

Висината на директни плаќања изнесува 3 денари за килограм за сите видови овошје.Во прилог на барањето се доставува Потврда за предадениот род издадена од регистриран преработувач.

Доколку производство е користено за домашни потреби или е продадено на пазар, висината на дополнителните субвенции за јаболко е 30.000 денари за хектар, слива и праска 25.000, вишна, цреша, кајсија и круша 22.000, јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка е 13.000 денари на хектар.

Висината на дополнителните директни плаќања во лозарството е 28.000 денари по хектар.Крајниот рок за поднесување на барањата е 25-ти декември 2023 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде