Бектеши само што објави: Познато дали ќе се зголеми цената на струјата од 1 јануари

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека од 1 јануари ќе нема зголемување на износот на фактурата за струјата за граѓаните и

покрај новата методологија и новата ставка за пристап до мрежа, од којашто според него, се засегнати граѓаните кои имаат викендици, по две-три куќи или два-три стана.

Тој негира дека се компензира воведената евтина тарифа со новата ставка во фактурите заради тоа што, како што појасни, граѓаните кои што имаат повеќе потреба од поддршка се повеќе во рамки на првиот и вториот блок во потрошувачката.

Тие што се во четвртиот блок, според него, немаат никаква потреба да бидат поддржани од страна на државата.

Одговарајќи на новинарски прашања Бектеши рече дека енергетските компании можат да бараат и 400 и 500 отсто во делот на трошоците што ги пријавуваат и согласно тоа што планираат да инвестираат, но оти Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучи колку тие трошоци ќе ги прифати.

-Дваесет и седум отсто не е некое големо побарување ако споредиме со претходните години од страна на МЕПСО и од страна на ЕВН дистрибуција и ЕВН Хоум, најверојатно нема да бидат прифатени.

Цената за домаќинствата и малите потрошувачи нема да се зголеми од 1 јануари, во спротивно ќе имаат дополнителна можност со користење на евтината тарифа да им биде намалена, рече Бектеши.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде