Ужас во Скопје: Две деца избоделе 14-годишник

На 13.12.2023, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Чаир при СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници,

постапувајќи по претходна пријава дека околу 13.35 часот во населба Шуто Оризари во Скопје од страна на две малолетни лица со остар предмет му биле нанесени повреди на 14-годишник, соопшти МВР.

Повредениот малолетник е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде