Актерот Сашо Тасевски коментира како се неподнослива леснотија се оправдуваат недопустливи пропусти и кардинални грешки кои речиоси секојдневно се случуваат во државата и за кои, речиси, никогаш и никој не поднесува одговорност.
„Ете Шаќири ја смири јавноста, техничка грешка било во учебниците дека збирот на агли кај триаголниците е 190 степени. Еуклид пируети со трострук аксел прави во гробот без грешка.
Исто техничка грешка е ако ти прегори бушон… у глаата.
Техничка грешка е исто ако ја пречекаш премиерката на Словенија со знамето на Словачка.
Кога поради неисправен автобус гинат патници пак е техничка грешка.
Техничка грешка е и ако од продолжен кабел изгори болница со живи луѓе во неа.
Тоа се тие технички грешки. Многу технички.
Изгледа цела држава е техничка грешка. Поголеми и помал“ коментира актерот на Фејсбук.