Македонија на нозе: Исчезна 29-годишниот Марко од Струмица

Полицијата трага по 29-годишниот Марко Давчев од Струмица кој е пријавен за исчезнат во полиција на 9-ти декември.

„На 09.12.2023 година во Полициската станица Струмица Т.Д.(64) од Струмица пријави дека од нивниот дом се оддалечил неговиот син М.Д. (29), кој бил со нарушено здравје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираат од МВР.

„Исчезнувањето на момчето е пријавено од страна на неговиот татко и уште од првиот ден се преземаат интензивни мерки за негово пронаоѓање“, вели Александра Трајанова, портпаролка на СВР Струмица за ММС.

На социјалните мрежи кружи и апел за доколку некој го забележи, веднаш да пријави во полиција.

„Од Марко Давчев нема ни трага ни глас веќе една недела. Доколку имате било каква информација, пријавете во полиција!“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде