ТРАГЕДИЈА: 18-годишно момче и 52-годишна жена загинаа во страшна сообраќајна несреќа која се случи во централна Грција

Страшен директен судир со две жртви е епилогот од трагичната сообраќајна несреќа која се случила во централна Грција.

Во шокантната несреќа трагично загинаа двајцата возачи, 18-годишно момче и 52-годишна жена.

Несреќата се случила кога еден од возачите од засега непозната причина изгубил контрола над возилото и преминал в спротивната лента, при што дошло до директен судир со второто возило.

Според непотврдени информации, на возилото кое ја предизвикало несреќата му пукнала гума.

Двете лица се извлечени мртви од страшниот судир, додека на местото на настанот пристигнале три возила на противпожарната служба со девет пожарникари.

Веднаш по судирот, двете возила се запалиле.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде