Вчера при акциска контрола од страна на полициски службеници и претставници од центарот за социјални работи во Битола,
на пешачка зона кај објект „ Борово“ во Битола затекната е 26-годишна битолчанка додека питачела, држејќи го нејзиното двегодишно дете во рацете завиткано во ќебе.
За тоа време, нејзините 4 деца на возраст од 4, 5, 6 и 7 години, биле оставени сами во нивниот дом.
Од страна на полициските службеници двегодишното дете е предадено на претставниците од ЈУМЦСР Битола со цел понатамошно преземање на мерки за заштита и згрижување.
По целосно документирање на случајот, против Е.У. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.