Страотна сообраќајна несреќа, загина 41-годишен маж

Вчера, во 18.53 часот, во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Маково се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С. Н. (41) од с. Долно Агларци,

општина Новаци, патничко возило „бмв“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ј. В. (29) од Ресен, патничко возило „рено“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј. О. (48) од Битола, и товарно возило „даф“ со полуприколка, со албански национални ознаки, управувано од В. К. (38) од Република Албанија.

Од добиените повреди на местото на несреќата починал возачот С. Н. (41), а лекар од итната медицинска помош констатирал смрт.

Тешки телесни повреди добиле двајца малолетни сопатници во возилото „сеат“ и Д. В. (64) од Ресен, сопатничка во возилото „бмв“,

а телесни повреди добиле возачите Ј. О., Ј. В. и М. С. Н. (36) од с. Долно Агларци, сопатничка во возилото „сеат“, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Битола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде