Мерките на СДСМ за економски просперитет и подобар животен стандард на граѓаните даваат резултати.
Просечната плата е покачена на речиси 39.000 денари – 630 евра, наведено е во писменото соопштение од СДСМ.
„СДСМ од 2016 година, односно од времето на ДПМНЕ, досега ја зголеми просечната плата за дури 270 евра – од 360 евра на 630 евра! СДСМ на дело покажа дека го почитува и го вреднува трудот на сите работници.
Со СДСМ платите ќе продолжат да растат, а, со членство во ЕУ, платите и пензиите ќе бидат и до 70 отсто поголеми од она што се денеска.
Со СДСМ граѓаните добиваат повеќе – велат од партијата.