За сите вработени, од месец март 2024 година, минималната плата ќе се зголеми на 22.500 денари.
Најниската плата во Македонија од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Ова е повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година.
Од 2017 година, со промена на власта, минималната плата постојано растеше и сега изнесува 20.175 денари.
За 6 години минималната плата се зголеми 4 пати, а во 2024 следи ново покачување.
Прво се зголеми на 12.000, потоа на 15.200 денари, па на 18.000, а од оваа година таа изнесува 20.175 денари.
Според најавите, во март 2024 година ќе следи ново покачување, со кое минималната плата ќе изнесува 22.500 денари.
Растот на минималната плата поттикнува и раст и на останатите плати. Полека се исправа неправдата, работникот да добие достоинствена плата за работата што ја извршува.
Пред само неколку години минималната плата изнесуваше само 8.800 денари, а околу 90.000 работници во чевларската, текстилната и кожната индустрија беа дискриминирани и земаа плата пониска од законскиот минимум.
Тогашната власт пред светот ја прикажуваше Македонија како земја со евтина работна сила.
Денес, минималната плата важи за сите стопански гранки, а со донесеното законско решение, ќе расте секоја година, во март.
извор: centar.mk