Петрушевски објави снимка од инцидентот во Крива Паланка, вели дека тепачката ја предизвикал братот на градоначалникот

Крива Паланка е запоседната од насилниците и криминалците на Николовски и Спасовски, објави на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

-Пред кафе барот Селект во Крива Паланка, кој е во сопственост на градоначалникот Сашко Митовски,

околу 1 часот по полноќ се случила масовна тепачка, во која десетина лица се здобиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани.

Тепачката ја предизвикал и во неа учествувал и братот на градоначалникот.

Инаку, градоначалникот Сашко Митовски во јануари годинава физички нападна полицаец, за што сѐ уште нема одговорност, истакна Петрушевски.

Претпоставувате дека Спасовски ќе се обиде да го забошоти и овој случај, нели? Праша пратеникот Петрушевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде