Снежен бран и вистинска зима на почетокот од 2024 година!

Според последните анализи со кој располагаме, целиот Балкански Полуостров на самиот почеток од новата 2024 година треба да биде зафатен од

голем продор од поларниот вртлог од север и интензивни врнежи од снег, но и со многу ниски температури на воздухот, објави Славчо Попоски во својата најнова метео анализа.

Според оваа метеоролошка карта, од овој студен воздух ќе биде зафатена и Македонија.

Сепак се работи за сеуште неофицијална најава и прогноза, состојбата будно ќе ја следиме и ќе информираме, додаде Попоски.

Но едно е сигурно, а тоа е како што напоменавме во нашите сезонски анализи за оваа зима, истата во јануари и во февруари и

тоа како ќе ја покаже вистинската сила, со можно продолжување на зимата во март  и во април.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде