Според најновите ажурирања на нумеричките модели, во јануари и во февруари во поголем дел од Балканскиот Полуостров,
како и во Македонија ќе има врнежи од снег кој ќе бидат натпросечно високи и невообичаени за нашиот дел од континентот.
Дури локално се очекуваат и екстремни количествна на снег, а тоа може да се погледне и на следната метеоролошка карта:
Значително помалку снег ќе има само во Хрватска и во Словенија, а најпогодени би требало да бидат Босна и Херцеговина, Црна Гора, поголем дел од соседна Србија, Бугарија и нашата Македонија.
Подоцна на Фејсбук Попоски со уште една објава:
ПРЕСВРТ НА НУМЕРИЧКИТЕ МОДЕЛИ ВЕЧЕРВА: Дали за дочекот на новата 2024 година, но и на првиот ден од 2024 година Балканот и Македонија ја очекува вистинска зима и снег? Ја следиме состојбата!
Извор: Метео аларм/ Славчо Попоски