Еве колку пораснаа платите за една година!

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2023 година, изнесува 38 843 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, изнесува 117.3.

За една година просечната плата се зголеми за 17,3% или за 5.739 денари, односно од 33.104 денари во октомври 2022 година, на 38.843 денари во октомври годинава.

За шест години, просечната плата се има зголемено за 15.487 денари, односно во октомври 2017 година изнесуваше 23.356 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите:

Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26.2 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.2 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (20.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8.2 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6.5 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (4.6 %).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде