Тела на пет жртви се пронајдени во стан во поширокиот регион на Париз по што е отворена истрага за убиство.
Ова го соопшти градскиот обвинител Жан Батист Бладие, додека локалните медиуми јавија дека жртвите се жена и нејзините четири мали деца.
Нивните тела биле пронајдени доцна синоќа, во градот Му, оддалечен 40 километри од француската престолнина.
Полицијата трага по 33-годишниот татко, кој се претпоставува дека е во бегство. Таа била аларамирана од роднини на жртвите, откако не успеале да стапат во контакт со семејството.
Обвинителот Жан Батист Бладие за француските медиуми потврдил дека во тек е истрага на судската полициска служба на Версај.
Според обвинителот, во станот немало знаци од насилно влегување, а таткото на децата не бил присутен внатре.
Инаку, како што пишува Би-би-си, во регионот на Париз неодамна е забележна серија на случаи на чедоморство.
Кон крајот на ноември, 41-годишен маж признал дека ги убил своите три ќерки, на возраст од четири, 10 и 11 години и се предал. Полицијата ги пронашла мртви во неговиот дом во градот Алфорвил, во југоисточното предградие на главниот град
Во октомври, полицаец ги убил своите три ќерки пред да се убие во својот дом во Вемарс во Вал-Д’Оаз.