Временска прогноза за јануари: Многу студ и снег!

Најажурниот нумерички модел (ECMWF Евроспки центар за среднорочна прогноза), веќе долго време црта екстремен студ на Балканот во текот на овој месец, а тој би започнал околу, или веднаш по Божиќ.

Исто така ќе има и многу снег.

Температурите во текот на овој месец на Балканот се очекува да се спуштат дури и под -20 степени.

Овој екстремно студен бран ќе ја зафати и Македонија и ќе ни донесе многу снег и екстремен студ. 

Според сегашните анализи, температурите по Божиќ се очекува да се спуштат до околу, па дури и под -20 степени.

Состојбата и понатаму ќе ја следиме и навремено ќе објавуваме најнови метео анализи, и тоа по секое ажурирање на нумеричките модели.

Извор: Метео аларм/ Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде