Д-р Лазаров: Зарем 40тина бебиња кои ги има на ГАК моментално и во секое време,од сите националности, не заслужуваат најквалитетен персонал можно?

Ако имате грам здрав разум и визија за идината, наша и на идни генерации, никаков балансер нема да се применува во терциерно здравство туку ќе зацементираме конечно еден единствен критериум а тоа се ВИСОКИ квалификации и ништо друго.

Првиот катастрофален настан за здравството беше партизација, од што системот е скоро мртов и народ страда секојдневно, ако дозволиме на најсензитивни клиники исклучиво по политичка и национална основа да се вработува персонал, за сите ќе биде лошо многу наскоро.

Сите сме пациенти, ќе треба да легнеме во тие кревети и ние и нашите деца, размислете добро дали ви е битно дали вас или вашите најмили ги лечи стручен и спремен лекар, или лекар од вашата нација,која и да е…

Ве повикувам на итна иницијатива оваа грешка со употреба на балансер да се исправи, исто така и да се укине дискреционо право на директор да бира кандидат и да се остави на колективите да имаат удел во избор на соработници исклучиво по квалитет и перформанси.

Прочитајте ја Хипократовата заклетва за почеток.
А за крај, на пример,
зарем 40тина бебиња кои ги има на ГАК моментално и во секое време,од сите националности, не заслужуваат најквалитетен персонал можно?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде