Екстремен студ во делови од Европа – температурите достигнале рекордни минус 40 степени

Финска и Шведска утрово ги забележале своите најниски температури оваа зима. Студот што го зафатил нордискиот регион ги симнал температурите, а термометрите паднале на минус 40 Целзиусови степени.

Студот и снегот го попречиле транспортот низ целиот регион, вклучително и во Норвешка, каде што главниот автопат на југ бил затворен поради временските услови, а линиите на траектите ја прекинале работата.

Железничките оператори соопштиле дека студениот бран предизвикал значителни проблеми во железничкиот сообраќај на северот на Арктикот.

Во Никалуокта, мало село во северна Шведска, утрово била забележана температура од минус 41,6 степени Целзиусови, објавил шведскиот јавен радиодифузен сервис.

„Ова е најстудената температура што ја имавме досега оваа зима, и ќе продолжи да биде прилично студено времето на север“,рече метеорологот на СВТ, Нилс Холмквист.

Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт објави температури од минус 30 Целзиусови степени на повеќе локации во северна Шведска, а издадено е предупредување за снег и ветер за централна и јужна Шведска.

Во Финска, студениот рекорд за оваа зима е забележан во северозападниот град Иливиеска, каде што температурите паднале на минус 37,8 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, во текот на неделата во одредени делови на Данска се очекува температурите да бидат пониски од минус 40 степени.

Температурите во главниот град на Финска, Хелсинки, се очекува да се движат помеѓу минус 15 и минус 20 Целзиусови степени.

Во јужниот норвешки град Арендал, властите рекоа дека училиштата утре ќе бидат затворени, бидејќи не е можно да се расчистат тротоарите навреме за децата да стигнат до училиште.

Неколку фериботски компании низ регионот ги откажале премините, вклучително и оние од јужна Норвешка до Данска, каде што клучниот мост беше затворен за возила со лесни приколки поради силните ветрови, соопштиле данските власти.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде