Земјотрес ја стресе западна Македонија

Земјотрес со јачина од 3,4 степени и епицентар во Албанија доцна синоќа ги вознемири жителите на Тетово и Гостивар.

Според првичните информации на ЕМСЦ, земјотресот е регистриран во 23 часот и 39 минути, по локално време.

Нејасно е дали има причинето материјална штета.

Сеизмолозите смируваат дека станува збор за редовна сеизмичка активност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде