Јоци: Веќе цела недела медиумите се бават со петардите на Дрин Ахмети, а за тоа време…

Фејсубук пост на Јорданка Ивановска Јоци:

Приказната ,,Дрин Ахмети и петардите” трае веќе цела недела.

И со секој нов ден се разводнува од власта, а дечкото веројатно на крај ќе плати само 500 евра казна. Нема смисла уште да се бават медиумите со него. Системот секако не функционира под СДСМ/ДУИ и треба годинава тоа да се менува од корен.

⭕️А, за тоа време додека Дрин носел петарди на внуци:

🟢-се плаќа #нова #давачка за #струја од 200 денари, плус има нова цена во блоковите

🟣#поскапеа #цигарите.

Откако е СДСМ на власт, 7 години, цигарите се покачени можеби за 50-60 денари

🟡-Нема абер од нови детали за убиствата на #Вања и #Панче, а ни од екстрадиција на Љ.#Палевски.

🔵– Распишани се конкурси за #стотици #партиски #вработувања во многу државни институции, а над 300 само во ,,Македонски шуми”.

Сите ПРЕДИЗБОРНО, од кои повеќето за етнички вработувања

🔴-Две недели #дишеме #отрови и канцерогени материи и со право се сомневаме дали има нелегално горење на отпади во земјава

🟠-Илјадници мрзнат и чекаат како стока за нови #лични #документи, пасоши и лични карти, поради О.Спасовски, кој месецов конечно заминува од пол.сцена, по 7 годишно компромитирање на МВР

🔵Синот на Исмет Рамадани, кој е советник во влада, добил грант од 40.000 евра од ФИТР

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде