ВИДЕО Српскиот политичар објави нова снимка и наметна нови дилеми со убиството на Вања и Панче

Српскиот политичар Срѓан Ного објави снимки и наметна нови дилеми во јавноста поврзани со убиството на 14 годишната Вања и 77 годишниот Панче.

Срѓан Ного најавува за утре дека ќе објави снимки од грабнувањето на Вања, пред и по киднапирањето,

како и снимка од Панче Жежовски на бензиска пумпа како што вели Ного со своите „киднапери“.

Во видеото се слуша и глас за кој Срѓан Ного тврди дека е гласот на таткото на Вања, како разговара со полициски инспектори.

„Снимката докажува дека тој лично, а не полицијата ги открил и поврзал и решил случајот со исчезнувањето на Панче и неговата ќерка Вања“, вели во објавеното видео Срѓан Ного.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде