Српскиот политичар Срѓан Ного објави снимки и наметна нови дилеми во јавноста поврзани со убиството на 14 годишната Вања и 77 годишниот Панче. Срѓан Ного најавува за утре дека ќе објави снимки од грабнувањето на Вања, пред и по киднапирањето, како и снимка од Панче Жежовски на бензиска пумпа како што вели Ного со своите „киднапери“.
Во видеото се слуша и глас за кој Срѓан Ного тврди дека е гласот на таткото на Вања, како разговара со полициски инспектори.
„Снимката докажува дека тој лично, а не полицијата ги открил и поврзал и решил случајот со исчезнувањето на Панче и неговата ќерка Вања“, вели во објавеното видео Срѓан Ного.
По ова се огласи Јоци:
Српскиот политичар, #Срѓан#Ного, смртта на Вања и Панче очигледно ги злоупотребува за свој рејтинг и ги убива по вторпат.
И си игра играчки со тагата на нацијата и семејствата.
Иако најави за денеска дека ќе објави сé што знае, денеска на својот канал ја поместил ,,ексклузивата” за утре. [,,ексклузива” е негов збор, секако исклучително срамно и неморално однесување]
За жал, Срѓан Ного од утре што и да објави треба да се земе со резерва, особено снимки кои можеби се монтирани со датум и час, затоа што очигледно не му е важна вистината, туку подземни игри.
Тоа барем технолошки е лесно.
Воедно заматува ликови, сече снимки, монтира….секако овој човек треба нашите медиуми да го пратат во мајчината.
Да му беше важна, денеска ќе објавеше сé, немаше да си поигрува маркетиншки со ,,интрига”.
Очигледно е дека човеков си има есап, за жал, напиша Јоци на Фејсбук.
Видеото од Ного во продолжение: